• Следете на
Категории

За нас

ШОП ОНЛАЈН ДООЕЛ е компанија специјализирана за големопродажба која нуди различни трговски услуги за набавка на производи од Кина.

Вршиме окрупнување на помали пратки за повеќе клиенти од различни градови во Кина. Со окрупнување на пратките имаме поефтина цена по единица производ поради поевтиниот транспорт.

Нашите клиенти добиваат квалитетни производи по цена поевтина од големо продажна цена што можат да ја добијат локално за одреден производ.

Со раширена мрежа на соработици низ голем број Кинески провинции обезбедуваме бројни услуги во корист на нашите клиенти.
Услугите кои ги нудиме се следните:
•Пребарување на бараниот производ низ Кина
• Потврда за кредибилитет и добра деловна пракса на потенцијалните добавувачи
• Преговарање за цени и останатите услови во ваше име
• Проверка на квалитетот на производите во текот на целиот процес
• Организирање на испораки до вашата дестинација

Уредување на соодветна документација, царинење, транспорт и утовар на стоката.

Нашата компанија нуди квалитетни производи, поволни цени за нарачка на голема количина, доверлива испорака со осигуран транспорт на производите и точност на испорака на стоката, време предвидено во купопродажниот договор.

Тимот на ШОП ОНЛАЈН Дооел Скопје 1000 Македонија

Куповна кошничка

mk_MKMK