• Следете на
Категории

НПП

Најчето поставувани прашања:

 

Дали продавате на мало или на големо?


Вршиме продажба на големо, единствено со нарачка.

Контактираме директно со производители, при што добиваме најдобра цена со најдобар квалитет на производи.

Посредуваме при добивање на дозволи и сертификати за нарачаните производи.

Организираме бродски или авионски транспорт од Кина до Македонија, во зависнот од вашите барања.

 

На мало единствено може да се купат производите кои се наоѓаат на залиха.

 

Дали ги продавате само производите што ви се презентирани на вашата веб страна, или може да ми набавите производ според моите потреби, барања и желби?

Доколку го нема производот на нашата веб страна, пишете ни во контакт формата карактеристики на производот според вашите барања, слика од производот и потребна количина.

Нашиот тим ќе го пронајде најквалитетниот производ со најдобра цена и ќе ви испрати понуда во рок од 1-3 работни дена.

 

Информација за нарачка ?

За нарачка прво треба да ги додадете посакуваните производи и количина во кошничка, потоа треба да кликнете на Плаќање. Откако ќе ги пополните празните полиња со *, кликнувате на Нарачај.  

 

Информација за уплата на производи?

Откако ќе ги додадете производите во кошничка и ќе извршите Нарачка, ние ќе ви доставиме Авансна профактура за прва рата за нарачаните производи која изнесува 30% од вкупната вредност на производите.

Втората рата е 40% од вкупната вредност и истата се уплаќа кога производите ќе бидат произведени од страна на компанијата производител, пред утовар на брод.

Третата и последна рата изнесува 30% од вкупната вредност и истата се уплаќа кога нарачаната роба ќе пристигне на царина во Република Македонија.

Нарачки за производи се примаат 24 часа секој ден, во согласност со условите и правилата на SHOP ONLAJN. Испорачувањето на нарачките се врши во рамки на работното време на SHOP ONLAJN (пон-пет од 09-17ч. / саб. 10-15ч.). Сите испораки се вршат само во градови и населени места во Р.Македонија.

 

Колкаво е времето на испорака за производи при нарачка на големо?

Времето на испорака на производи при нарачка на големо зависи од компанијата производител, најчесто времето за производство изнесува од 20-40 дена.

За бродски и камионски транспорт од Кина до Скопје се потребни околу 55 денови.

За авионски транспорт од Кина до Скопје се потребни од 15-20 денови.

 

Колкаво е времето на испорака за производи на лагер? 

Нарачките со адреса на достава во Скопје, во најголем број од случаите пристигнуваат во рок од 24 часа. Доколку адресата на достава е друг град / населено место, надвор од Скопје, рокот на испорака е од еден до два работни дена. За време на празници и неработни денови не се врши испорака.

 

 Дали може да се нарача примерок од производ пред да се изврши нарачка на големо?

Секако, трошоците за набавка на примерокот се на трошок на клиентот.

 

Дали во наведената цена на производите е вклучен транспортот, царината и ДДВ?

Да, во цената на производите вклучен е транспортот од Кина до Скопје, царина и ДДВ.

 

Каде би можело да се пријави евентуална рекламација?

За било каква забелешка или рекламација во врска со испорачаните производи можете да не контактирате на телефонот 00389-70-855-585; или на e-mail: sales@shop-online.mk

Куповна кошничка

mk_MKMK